Енди Мекдауел: имам седа коса и воопшто не ми е гајле, не се трудам да бидам млада кога не сум

Во средината на февруари излезе новиот филм „Мојот среќен крај“ во кој актерката Енди Мекдауел ја толкуваше главната улога на ликот Џули. Филмот ја следи приказната за познатата актерка која била изневерена од нејзиниот сопруг и дознава дека боледува од рак.

Не е непознато дека холивудската актерка Енди Мекдауел (64) одлучила повеќе да не ја бојадисува косата и да ја остави седата коса да расте. Таа често зборува за стареењето и за тоа како не се уморува од годините, а во новото интервју со новинарката Кејти Курик (66) признала како се чувствува кога луѓето и велат дека седите влакна на главата прават да изгледа постаро.

„Ме прави да се смеам кога некој ми го кажува тоа, имам скоро 65 години, затоа што ми порасна седа коса изгледам како да имам 75 години? – Јас не разбирам. На луѓето ужасно им пречи кога жените испуштаат сребрени конци“, објаснила Енди и рекла дека не се ни труди да биде помлада.

„Иако сега се претставувам како некој кој се чувствува удобно во своја кожа, можеби за десет години нема да биде така. Воопшто не ми е гајле. Не се трудам да бидам млада кога не сум. Бев млада, сега повеќе не сум, сега сум стара, па што?, изјавила Енди.

Иако некои ја критикуваат, многумина ја фалат за нејзиниот изглед, па дури и во краткиот клип што Кејти го објави на социјалните мрежи, фановите веднаш возвратија во коментарите.

„Ја обожавам, сега изгледа уште поубаво, Па, жената не е стара ако е сива, не ги разбирам луѓето, Браво Енди што зборуваше за ова“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Couric (@katiecouric)

Scroll to Top