Холивудскиот глумец Ештон Кучер вчера се појави пред судот во Лос Анџелес и сведочеше против Мајкл Томас Гарџиуло, кој е обвинет за убиство на неговата некогашна девојка Ешли Елерин. Гарџулио е обвинет за убиство на уште две други жени. Ешли била избодена 47 пати во нејзиниот дом во февруари 2001 година.
Обвинетиот пред судот рекол дека не е виновен за убиствата што му се припишуваат, а кои наводно ги извршил помеѓу 2001 и 2008 година.
Актерот сведочел за своето познанство со Ешли пред таа да биде убиена. Тој рекол дека Ешли ја запознал два месеца пред нејзиното убиство. Тој бил на забава во нејзината куќа две недели пред убиството, кога му кажала дека нема момче. Почнале да се гледаат и требале да излезат на вечера ноќта на убиствотто. Но, Ештон ѝ се јавил во текот на денот за да ѝ каже на Ешли дека ќе доцни, затоа што морал да присуствува на забава по повод доделувањето на Греми наградите. На тоа девојката му одговорила дека нема никаков проблем и дека ќе го почека да дојде по неа. Кога подоцна повторно ѝ ѕвонел, таа не се јавувала на телефон. Ештон стигнал до нејзината куќа и упорно тропал на вратата, но таа не отворала.
Во текот на сведочењето, Ештон рекол дека погледнал низ прозорецот и видел хаос во куќата. Забележал црвени дамки на подот, но помислил дека се од вино. Бидејќи Ешли не му ја отворала вратата, Качер си заминал. Нејзиното тело следното утро го нашол нејзиниот цимер.
Инаку, Ешли Елерин е пронајдена брутално искасапена. Обвинетиот Гарџиуло, кој живеел во нејзиното соседство, ја избодел 47 пати.