Еве доказ дали Викторија Лоба се уште е во врска со Ѓорѓи

Викторија Лоба веќе неколку години ужива во љубовта со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи. Но пред некое време започнаа да кружат гласини дека дошло крај на нивната врска, а тоа некако се подгреваше и со фактот дека Лоба престана да објавува заеднички фотографии.Сепак деновиве на Инстаграм таа откри дека нивната љубов е посилна од кога било. Лоба објави заедничка фотографија на која се гледа дека двајцата се релаксираат покрај вода. Дали станува збор за грчките плажи или повторно за крстарење со јахта на Охридското Езеро, останува мистерија.

Инаку пејачката и нејзиниот партнер веќе неколку месеци живеат заедно, па најверојатно свадбените ѕвона се на видикот.

Scroll to Top