Ви благодарам што имавте мадиња да ме поканите на фестивалот: Кевин Спејси доби награда за животно дело во Торино

Кевин Спејси ја прими наградата за животно дело кое му ја додели Националниот филмски музеј во Торино, а глумецот на крајот им се заблагодари што имале храброст да го поканат по низата обвинувања за сексуален напад.

„Навистина сум благодарен и благословен. Му го давам целото мое срце на Филмскиот музеј што имал мадиња да ме покани овдека“, рече 63-годишниот Спејси, кој наградата ја прими неколку дена откако пред судот во Лондон се соочи со седум обвинувања за сексуален напад врз маж во почетокот на 2000-тите години.

Во јуни го чека ново судење за уште десетина слични обвинувања од периодот меѓу 2001 и 2013, додека њујоршкиот суд ги отфрли обвинувањата против него кои датираа уште од 1986.

За потсетување, Спејси досега освои два оскара, а кариерата му е во застој по серијата обвинувања за сексуални напади.

 

 

Scroll to Top