„Фчерашни новости“ си отидоа од Телма

Популарната хумористична емисија „Фчерашни новости“ си замина од телевизија Телма, каде беше три сезони. Новата, четврта сезона ја почнува на „Канал 5“ телевизија. В недела, на 9 септември, почнува првата емисија, а следните ќе се прикажуваат секоја недела од 19:30 часот.

Екипата  веќе е подготвена и спремна за новиот почеток. Не кријат дека се многу возбудени, а се пофалија и дека се засилени со нови членови.

„ Четвртата сезона ќе се емитува на ‘Канал 5’ телевизија, со надеж дека ќе постигнеме уште поголема гледаност. Со Телма имавме одлична соработка во изминатите три сезони и многу сме им благодарни за тоа“, изјавиле од екипата на „Фчерашни“ за точка.мк

Најавени се и многу новитети, а пред почетокот на „Фчерашни“ имало организирано повеќе кастинзи, па од таму велат дека се среќни затоа што имало многу пријавени, кои сакаат да се дел од популарната емисија.

Scroll to Top