Фолк-фест Валандово: Елена Андоновска ги утна ракавите на фустанот, Анета Молика по советот на Коко Шанел

И оваа година „Фолк фест-Валандово“ ги собра на едно место народните пејачи. Настапија 20 изведувачи, се натпреваруваа за награди и секој со својот стил на облекување. И овој пат за тоа кој каков излегол да пее на сцена, за Репортер, коментира младата модна критичарка Тина Димковска. Прочитајте ја нејзината модна приказна

Фестивалите на народна музика имаат уникатна моќ да не пренесат во светот на безвременски приказни и силни емоции, но освен музиката, тука има уникатни модни парчиња со личен допир споени во една силна и незаборавна целина.

На моден план, добивме доста класични и елегантни изгледи. Во машките изгледи преовладуваа различни видови на одела, кравати китенки. Да, овие изгледи се веќе видени милион пати, но сепак и самата елеганција и класика на настанот претполага и такви по едноставни изгледи.

А пак, кај женските изведувачи преовладуваа класични фустани, со многу тул и везови. Ирена Спировска како вљубеничка во тулот и карнерите повторно се појави во слично издание, кое изнесе извонредна силуета со тесен корсет и широка сукња.

Иако фустанот сам по себе е добар, сепак самата идеа е веќе досадна. Истиот тип на фустани го гледаме на секој настан не само кај нас, туку и во светски рамки.

 

Слична боја, но тотално спротивна силуета имаше Елена Андоновска. Иако ми се допаднаа цветните везови, сепак долгите пуштени ракави и начинот на којшто паѓаше самото парче делуваше доста застарено и едноставно не убаво.

Црното сатенско издание на Анета Молика ја докажа уште еднаш познатата максима на Коко Шанел за женска елеганција односно како еден обичен црн фустан и пар добро одбрани обетки е безвременски изглед. Анета го зачини изгледот со уникатното деколте.

За потсетување, оваа година песната „Ема убава“ на Мишко Крстевски победи на фестивалот, на второ место беше а „Ни седум неба ни седум гори“ на Елена Андоновска, а пак третото „Букет сомнежи“ на Анета и група Молика.

Scroll to Top