(Фото) Бредли и Ирина на прошетка со ќерката, демантираат дека се разделуваат

Бредли Купер и Ирина Шајк ги демантираа озборувањата за нивната разделба. Славната двојка била видена заедно во прошетка со нивната двегодишна ќерка.

Бредли бил со блага насмевка на лицето, додека Леа јадела сладолед и уживала во неговото друштво. Ирина изјавила дека нема да се откаже од својот сопруг, пишуваат медиумите.

Светските таблоиди пишуваа дека славната двојка се разделила по четиригодишна врска. Озборувањата дека веќе не се заедно ги поттикна и тоа што Ирина на „Мет гала“ дојде сама, иако Бредли требал да биде присутен.

На 21 март 2017 година се роди нивната ќерка Леа де Сена Шајк Купер.

(Фото) Бредли и Ирина на прошетка со ќерката, демантираат дека се разделуваат

 

 

Scroll to Top