(Фото) Џеки Чен се потсети како ја повредил главата додека снимал филм во Загреб

Светскиот глумец Џеки Чен откри дека за време на снимањето на филмот „Божји Оклоп“, во 1986 година во Хрватска, тешко ја повредил главата. Глумецот се потсети на снимањето и вели дека во еден момент, за време на снимањето на акциската сцена, паднал од едно дрво и силно ја удрил главата од земјата.

„Имав среќа затоа што знаев како правилно да паднам. Но, сеедно се удрив и ми потече многу крв зад увото, а имав и дупка на главата“, раскажа Чен.

Речиси не постои филм во кој глумецот од Хонгконг, режисерот и продуцент, Џеки Чен не ги има покажано своите акробатски способности. Во своите филмови овој мајстор на боречки вештини секогаш е енергичен и се бори во акробатски стил. Иако многу глумци користат каскадери во опасни сцени, Џеки Чен секогаш сам глуми.

Глумецот денеска го слави 66. роденден, а вели дека уште од мал научил голем број акробатски вештини. Татко му бил готвач, а мајка му помошничка во американската амбасада во Австралија. Чен не можел да биде со нив, па десет години бил во интернат. Таму научил сè што му било потребно за улогите кои ги остварил.

Научил да ги превртува луѓето, да паѓа, акробатски вештини.

„Учевме сè и сешто, но тренирањето беше многу напорно, понекогаш траеше и до пет часот утрото па сè до полноќ“, изјавил Чен.

Еден режисер го зел Чен од интернатот затоа што му било потребно дете глумец. Чен веднаш ја прифатил улогата и за кратко време се снашол во светот на глумата. Станал човек кој преживеал голем број повреди и модринки, потрес на мозокот и голем број скрешници на коските.

Досега неколку пати ги има скршено носот, вилицата, клучната коска, ребрата, раката, колената, черепот, прстите. Џеки во своите филмови, освен каскадерството, работел неверојатни работи, одел по затегнати јажиња, јадел чили пиперки, пиел индустриски алкохол.

Се тепал речиси во сите филмови. Неколку пати се има потсмевано со познатите глумци Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне. Тој вели дека за разлика од него, тие за опасните сцени користат каскадери.

Џеки во 2016 година освоил Оскар по 56-годишна кариера и 200 снимени филмови. Но, тоа не беше за некоја поединечна улога, туку доби Оскар за придонес во филмската уметност.

„По 56 години во филмската индустрија и снимени повеќе од 300 филмови, колку што имам и скршено коски, конечно“, изјави тогаш Чен.

 

 

Scroll to Top