(Фото) Џенифер Лопез го прослави 49. роденден

Џенифер Лопез го прослави својот 49. роденден со семејството и пријателите на Бахамите.

„Моментна роденденска ситуација“, напиша пејачката под фотографијата со која се пофали на „Фејсбук“.

Честитки ѝ пристигнале од милион фанови.

Current birthday situation… yup

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Кога бевме деца, родендените беа возбудливи само поради подароците што ги добивавме. Сега гледам од прва рака дека тоа се има променето кај Џенифер. Таа ја пронајде среќата во давањето на другите. За некој што дава сѐ од себе за нашите деца и семејството 365 дена во годината, се надевам дека и ние денес ќе можеме на тебе да ти ја дадеме среќата што ја заслужуваш. Те сакам“, напишала нејзината посилна половина, легендарниот американски бејзбол-играч Алекс Родригез.

 

 

 

Scroll to Top