Деновиве Каролина Гочева го преплави Инстаграм со нејзините слатки спомени.
Таа ги отвори старите албуми и се потсети на некои од своите патувања и на сакани личности кои се далеку од неа.
На една од фотографиите што ги прикачи поп принцезата носи тесен црн фустан со дупчиња. Сексапилот со кој зрачи Каролина предизвика лавина од реакции, а на овој секси фустан не остана имун ниту шармантниот хрватски водител Тарик Филиповиќ кој и прокоментира:
Ааа… јако га волим, посочувајќи дека ја обожава Каролина и нејзиниот моден избор.