Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора, неколку дена по породувањето излезе од болница, па објави прва слика од синот Јаков. Лора се породи со царски рез, а од болница ја зедоа сопругот Филип и нејзината помала сестра, Матеа.
По породувањето, Сузана за „Репортер“ раскажа дека мајката и бевето се добри, а дека Филип цело време бил покрај Лора додека се породувала.
„Дојде на свет нашето чудо, моето прво внуче. Не ни замислував дека толку многу радост ќе разбуди во мене. Му благодарам на животот што толку многу ме сакал и што ми подари здраво право внуче. Посакувам сите да ја доживеат мојата радост. Лора машки се избори со претпородилните болки и беше присебна и смирена до крај. Бебето е исто како татко му, а ние сите шашардисани од среќа“, ни рече Сузана.
19-годишната Лора и Филип се венчаа минатото лето во скопски ресторан, на мала свадба на која присуствуваа само најблиските родни и пријатели. На свадбата не беше поранешниот пливач Александар Маленко, таткото на Лора.
Добив внук, а Лора машки го издржа породувањето – Турунџиева стана баба