Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ им стана инспирација на корисниците на социјалните мрежи. Веројатно поради големата трансформација во изгледот последниве години. Таа во моментов е на Санторини во Грција, од каде го преплаве „Инстаграм“ со фотографии и видеа. На одморот не е сама. Се пофали дека е во машко друштво, па дури покажа и прстен на рака.
Последните две фотографии кои ги објави, пак, привлекоа внимание во јавноста. Многумина велат дека веќе е непрепознатлива поради претераното ботоксирање и силиконот. „Мелита, од обична девојка стана силиконска кукла“, пишуваат на социјалните мрежи.