Познатиот фудбалер Дејвид Бекам беше прогласен за витез од кралот Чарлс, и како што самиот Бекам истакна, ова е најгордиот момент во неговиот живот.
Церемонијата се одржа во Виндзор, а на церемонијата присуствуваше и, сега веќе, Лејди Викторија Бекам, заедно со нејзините деца. Бруклин Бекам повторно отсуствуваше од важни семејни настани.
Викторија го дизајнираше специјалното одело за Дејвид, а објави и серија фотографии од настанот на Инстаграм.
„Дејвид, од моментот кога те запознав пред 28 години, отсекогаш си бил толку горд што ја претставуваш својата земја. Без разлика дали е на теренот или надвор од него, никој не ја сака Англија или не го почитува кралското семејство повеќе од тебе. Да те видам покрај кралот како примаш почести е нешто што ќе го паметам до крајот на животот. Постигна толку многу, а сепак си истиот љубезен, скромен, вреден човек и најневеројатниот сопруг и татко. Никогаш не сум се чувствувала погорда од денес. Сер Дејвид, сите те сакаме толку многу“, напиша Викторија под објавата.
И покрај сето ова, невозможно е да не се забележи стилот на Викторија, со кој таа ги покажа сите свои модни вештини и повторно се зацврсти на тронот како кралицата на модата.

Како и обично, Викторија носеше своја креација, а минималистичкиот дизајн и софистицираноста секогаш се хит кога станува збор за неа.
Достоен за кралско семејство и достоен за најдобрите насловни страници, така би можел да се опише стилот на Леди Викторија. Таа заедно со Дејвид создаде моден спектакл во замокот Виндзор.
фото: принтскрин






