Откако минатата недела беше објавено дека фолк-пејачот Момо Николоски боледува од рак на желудникот, неговата сопруга Валбурга Батева објави прва слика од болница. На сликата на која се таа и Момо, таа му порача дека секогаш ќе биде покрај него, а јавно им се заблагодари и на сите хумани луѓе што донираат средства за Николовски да оди на лекување и да се избори со ракот на желудникот.
„Ајде мило мое… моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човек – мојот човек“, напиша сопругата на Николоски на „Фејсбук“.
Веста за болеста на фолк-пејачот минатата недела прв ја објави музичарот Сашо Ливрински, кој побара донации за лекување на Момо.
„Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика, ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка: 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769“, напиша тогаш Ливрински.
Мече мое, судбино моја, не те давам-сопругата на Момо емотивна