Шведскиот фудбалер со македонски корени, Горан Славковски, кој еден дел од својата фудбалска кариера играше и за фудбалскиот италијански клуб Интер, стана бодибилдер.
Славковски важеше за голем фудбалски талент, но неговата кариера заврши на 28 години и од тогаш и се посвети на билдерството и вежбалната.
Славковски иако е роден во Шведска потекнува од скопското село Бразда. Со неговите родители заминал во Италија, а во 2005 година се пресели во академијата на Интер.
Уште на 17 години го воодушеви тренерот Роберто Манчини, а за Интер дебитираше на мечот против Сиена. Со тој настап Славковски стана најмладиот дебитант на калчолигашот во Серија А.
Славковски важеше и за голема надеж на македонскиот фудбал. Откако ја посети Македонија за првпат, донесе одлука да го облече „жолто-црвениот“ дрес.
„Моето име не е ниту Свенсон, ниту Ларсон и не сум „сино-жолт“. Моето име е Горан и моите родители се од Македонија. Моето срце е „црвено-жолто“ и затоа ќе играм за Македонија“, изјави Славковски, во едно од своите интервјуа.
Своето деби за Македонија У21 го имаше во август 2008 година, кога настапи на квалификациските натпревари против Естонија и Норвешка, но никогаш не дебитираше за А селекцијата.