(Фото) Се излеа Вардар

Обилните дождови кои врнат од вчера предизвикаа прелевање на Вардар, покажуваат фотографиите што се објавуваат на социјалните мрежи. Во делот кај арената „Филип Втори“ реката веќе е стигната до пешачката зона и до клупите за седење.

Слична е ситуацијата и во центарот на Скопје, во близина на галиите, каде што водата може да се прелее од коритото и кај Владата.

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа врнежите од дожд ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, особено во западниот дел. Според податоците најголем пораст има кај река Радика-Бошков Мост, река Сатеска – Ботун и река Вардар – Јегуновце.

Scroll to Top