Ѓоковиќ во неделата се бореше за својата 24. Грен слем титула и осма титула на Вимблдон, а ова е прво финале за Алкараз на најпрестижниот тениски турнир во светот. Во публиката беше и Шакира, која пак предизвика реакции со комбинацијата на облека. На официјалниот профил на турнирот на Инстаграм започна дискусија за тоа дали е соодветно облечена за Вимблдон.
Шакира избра облека од линијата на модната куќа Москино. Под откопчаната кошула со тексас дезен носеше краток топ, а се одлучи и за макси здолниште со истиот дезен. Комбинација ја комплетираше со платнени патики со предимензиониран ѓон и бела чанта од модната куќа Mugler.
„ Ја сакам, но таа треба да знае за кодексот на облекување“, тоа е Вимблдон, мора да се почитува, стоеше во еден коментатор на Инстаграм.
„Сосема несоодветна комбинација за овој настан, несоодветна за кралската ложа, некој друг би бил исфрлен од теренот за оваа облека“, се само дел од негативните коментари за изданието на Шакира.