Пејачката Викторија Лоба се пожали дека има проблеми со спиењето. Таа пред неколку дена отпатува за Мајами, но поради различните временски зони, има проблеми со сонот.
„Дали некогаш сте се прашале што е вистински ‘џет-лег’? Можам да кажам дека вчера и завчера го искусив во потполност, а дополнително со себе си ја понесов настинката од дома. Ми се спиеше постојано, состојба матна како во полусон и кога ќе стигнам до соба не можам да заспијам. Максимум што можам да спијам е до 6 наутро (11 по наше време). Ги прочитав сите статии за тоа како да го победиш џет-летот“, напиша меѓу другото Лоба на социјалните мрежи.
Викторија се пофали дека била и на една од плажите во Мајами и сподели слика од летувањето.