Крис Кардашијан објави на Инстаграм фотографија од далечната 1997 година, на која може да се забележи како позира со своите ќерки.
Мајката на познатите старлети и ријалити ѕвезди на фотографијата изгледа исто како и денеска, а покрај неа се и Кендал и Кајли, како девојчиња и седумнаесетгодишната Ким.
Тогаш имала природна боја на косата, а тоа што најмногу паѓа во очи се нејзините исклучителни тенки веѓи, кои ги носела и тогаш.
Но, Ким никогаш не ја признала корекцијата на носот и филерите во образите и усните, кои, ако ги споредиме фотографиите од тогаш и сега, и тоа како можат да се забележат. Јасно е дека старлетата сепак завршила на операциона маса, затоа што се работи за големи промени на кои не можеле да влијаат ниту годините.