Плејбој зајчица призна дека имала секс со Трамп додека Меланија била трудна

Карен Макдугал (46), поранешната Плејбој зајчица, која тврди дека во текот на 2006 година, била 10 месеци во врска со Доналд Трамп, откри нови детали за тоа како сегашниот претседател на САД, ги искористил својата моќ и богатство, за да ја навлече во кревет, а потоа да ја замолчи.

Карен, која во 1998 година била избрана за Зајчица на Плејбој на годината, водела дневник кој го објавил магазинот Њујоркер. Таа Трамп го запознала во 2006 година, на забавата која Хју Хефнер, поранешниот газда на Плејбој, ја организирал во својата вила.

Трамп и зајчицата се состанале во Лос Анџелес, кој милијардерот често ја посетувал, додека Меланија, неговата трета жена, била во Њујорк со синот Барон, кој тогаш имал само три месеци.

„После првиот секс, Трамп ми понуди пари. Бев тажна, го погледнав и му реков дека јас не сум таква девојка. Му реков: „Спиев со тебе, затоа што ми се допаѓаш, а не поради парите“. Ми рече дека сум посебна“, изјави Карен во дневникот и продолжи:

„Ме привлекоа неговиот шарм и интелегенција. Беше љубезен.

Нејзината афера со Трамп беше завршена кога тој почнал да ја исмева Карен поради тоа што се дружела со Афроамериканци. Карен приказната за аферата со Трамп, ја продала за 150.000 долари, на таблоидот Нашенел инквајерер, чиј сопственик е Дејвид Пекер, пријател на Трамп. Таблоидот одлучил приказната да не се објави. Но, приказната за аферата стигнала до угледниот „Вол Стрит џурнал“, кој ја објавил 10 месеци пред изборите во 2016 година. Белата куќа ги демантираше тогаш наводите на Њујоркер.

 „Ова се лажни вести. Претседателот никогаш немал афера со Карен Макдугал.

 

Scroll to Top