(Видео) Насилно семејство ги тепале и давеле патниците на крузерот

Патниците на крстарењето во Јужниот Пацифик рекле дека 10 дневното патување им се претворило во жив пекол поради повеќедневните расправии и тепачки кои ги предизвикало 23 члено семејство, а некои гости дури морале да се заклучуваат во кабините за да го избегнат насилието!

Бродот „Карнивал легенд“, стигнал вчера во својата матично пристаниште во Мелбурн, но претходно морал вонредно да стигне во Нов Јужен Велс, за да го „истовари“, агресивното семејство.

Полицијата соопштила дека го испитува инцидентот, а операторот на патувањето се извинил поради насилното однесување на семејната група, која е избркана од крузерот.

„Преплашени сме од трауматичните настани кои ги приредија едни исти насилници. Имаше крв! Не сакавме да излеземе од кабините. Се плашевме за нашата безбедност“, изјави еден од неименуваните патници за австралискиот канал 9 њуз, додека сеуште биле на крстарењето.

Патничката Лиса Болито, им раскажала на новинарите, дека „големото италијанско семејство“, со денови ги напаѓале Австралијанците на бродот. Без никаква причина ги напаѓаа другите патници, ги удираа, некои дури и ги давеа! А менаџерот на бродот сето тоа го гледаше со скрстени раце!

Низата тепачки го претвориле бродот од рај во борачки клуб. Насилието е снимено на видео камерите. На една снимка се гледа дека гостите беснеат покрај базенот во ноќниот клуб на бродот.

Scroll to Top