Фудбалер погоден со куршуми, инцидент во населбата Аеродром во Скопје

 

 

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент кој се случил на улицата Владимир Комаров пред „Ред кафе“ во скопската општина Аеродром.

Според очевидците наводно со  четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј. кој наводно бил  активен фудбалер.

Случајни минувачи, во населбата Аеродром  го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи вршат увид на терен, а напаѓачот е во бегство.

Scroll to Top