Фудбалерот на ПСЖ Нејмар ќе стане татко, со девојка му Бруна го чекаат првото дете

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и бразилскиот репрезентативец Нејмар, објави дека со неговата девојка, инфлуенсерката Бруна Бјанкарди наскоро ќе станат родители. Бруна објави фотографија од нив двајцата со трудничкиот стомак.

„Го сонуваме твојот живот. Го планираме твоето доаѓање и знаеме дека ќе бидеш тука да ни ја пополниш нашата љубов, да ги оставиш нашите денови полни со среќа. Доаѓаш во прекрасно семејство, со мојата сестра, дедо и баба, вујковците и тетките, кои многу ќе те сакаат. Дојди побрзо дете, ќе се веселиме“, рече Бруна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

За потсетување, Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со Каролина Дантас. Со Бруна е веќе две години и врската јавно ја објавија во јануари 2022 година. Раскинаа во август, а потоа повторно ја обновија.

Напаѓачот на францускиот шампион е повреден веќе два месеци, од натпреварот против Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите. Го повреди скочниот зглоб, а опоравувањето треба да трае до лето. Имаше солидна сезона со 18 гола и 17 асистенции на 19 натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Бруна Бјанкарди е менаџер по маркетинг, а на Инстаграм ја следат 2,4 милиони луѓе. Студирала мода на приватниот универзитет Анхембри Морумби во родниот град Сао Паоло пред да ја лансира својата препознатлива линија на облека. Врската со Нејмар само ѝ ја подигна популарноста на светско ниво.

Scroll to Top