Фустанот на Дајана носел јасна порака

„Мет гала“ балот оваа година се одржа на 7 мај во организација на Ана Винтур на тема Heavely Bodies: Fashion and the Catholic Imaginaion (Рајски тела: Мода и католичка фантазија). Станува збор за еден од најважните модни настани годинава, кој секогаш обилувал со лица од светската естрада облечени во неверојатни креации.

Покрај бројните контроверзни креации што го привлекле вниманието низ историјата на оваа манифестација, особено се истакнува фустанот на принцезата Дајана од 1996 година.

Таа година тематски се славела работата на славниот дизајнер Кристијан Диор, па не чуди тоа што принцезата на „Мег гала“ балот се појавила во фустан од креативниот директор на тој бренд, Џон Галијано. Поточно, одбрала тегет фустан од свила украсен со тантела и изгледал како луксузна ноќница.

Фустанот бил комбинирал со торба од Диор и прилагодлива наметка, црни салонки и накит од сафир од сопствената колекција.

Сензационалниот фустан бил дел од новиот моден правец во кој принцезата почнала да се движи по разводот од принцот Чарлс во 1992 година, а особено откако принцот јавно признал во 1994 година дека ја изневерил и дека е во врска со Камила Паркер.

Од британскиот престолоналседник Дајана службено се развела во август 1996 година, а многумина коментирале дека фустанот од „Мет гала“ балот всушност дал јасна порака: „Конечно сум слободна“.

 

 

 

Scroll to Top