Гала Булатовиќ и Стефан Ончев ќе ја претставуваат Македонија на меѓународен пијано-натпревар во Холандија

Пијанистите Стефан Ончев и Гала Булатовиќ ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот пијано-натпревар „Глоуб интернационал“.

Натпреварот ќе се одржи во Амстедам, Холадија кој започнува од денес и ќе трае до недела.

Ончев и Булатовиќ обезбедија пласман во финалето на европско натпреварување и ја минаа селекцијата од повеќе од 200 млади пијанисти од целиот свет. На тој начин обезбедија пласман помеѓу 20-те најдобри натпреварувачи во категроијата до 13 години и се дел од „Глоуб интернационал“.

Стефан Ончев е од Струмица и ученик е во основното училиште „Боро Џони“, додека Гала Булатовиќ е од Скопје и е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Scroll to Top