(Галерија) Кендал Џенер покажа како и малите гради се секси

Кендал Џенер  има огромно влијание врз облекувањето на жените ширум светот. Поради тоа, не би не изненадило ако црно-белата облека која ја прошетала пред неколку дена во Париз ги окупира улиците и женските плакари.


Тесни црни пантолони, црни салонки и блуза во црно-бели тонови со длабок V-израз биле нејзиниот одговор на парискиот шик.
Кендал одлично спојува различни стилови, елеганцијата ја комбинира со спортски стил, па остава впечаток на лежерен изглед – манекенката ја носи облеката, а не облеката неа.

Кендал обожува вакви изрази на облеката, па им покажува на жените со мали гради дека и за нив постои вистинско деколте.Инаку, помладата полусестра на Ким Кардашијан не престојувала случајно во Париз, туку учествувала на модна ревија од модната куќа „Живанши“.

Ниедна модна манифестација не може да помине без оваа атрактивна бринета, а она што ќе го научи работејќи со најзначајните модни имиња, одлично го применува зад пистата и создава препознатлив стил.

 

 

 

 

 


 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top