(Галерија) Концерт за паметење и ѕвездено небо за Петар Грашо во Кисела Вода

Хрватската ѕвезда Петар Грашо во саботата собра и младо и старо на концерт во Кисела Вода во рамките на Културното лето и одбележувањето на роденденот на општината.

До доцна во ноќта во еден глас се пееја хитовите на Грашо, кој со првото појавување на сцената доби огромен аплауз. Се редеа безвременските “Уторак“, “Ко нам брани“, “Волим и постојим“, “Ако те питају“. Во музичкиот репертоар на Грашо не изостанаа големите хитови на Драгојевиќ како „Недостајеш ми ти“, „Два пута сан умра“ и еврегринот „Цесарица“.

Како загревање пред концертот на Грашо, пееше Жаре Брбер со „Галама“ бенед.

„Повеќе од 30 000 луѓе на концертот на Петар Грашо во Кисела Вода. Магичната вечер која никој нема да ја заборави“, напишаа од општина Кисела Вода.

Фото: Фејсбук Кисела Вода
Scroll to Top