Галерија) Миа Костова се расплака на роденденот, другарките и направија изненадување: свечена вечера со вино и црна торта за инфлуенсерката

Инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова прослави 39. роденден, а нејзините блиски пријатели и приредија изненадување кое ја расплака.

Додека Миа влегуваше во еден скопски локал, пријателите ја пречекаа со песна, а потоа и честитаа. Миа изгледаше изненадено на видеото споделено на Инстаграм, па кога ги виде сите блиски пријатели се расплака.

Тијана и пријателите се погрижиле Миа целосно да ужива во роденденот, со што подготвиле маса со црно-црвени детали.

Црн чаршаф, црвени свеќи и црна торта со црвени ружи.

На роденденот на Миа беа и нејзините блиски пријатели Тамара Тодевска, Сергеј Варошлија, Олга Костовска и други.

„Фала ви од срце, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша Миа Костова.

Scroll to Top