(Галерија) Министерката Бисера со гол грб, празно столче меѓу Пендаровски и Спасовски: политичарите на „Охридско лето“

Античкиот театар во Охрид вечерва ги собра јавните личности, политичари, познати фаци од речиси сите јавни сфери. Свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“  ќе почне со концерт на светски познатата оперска дива Анџела Георгиу.

Вечерва на едно место се : претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која носи фустан со гол грб, министерот Оливер Спасовски кој дојде сам и преку едно  празно столче седи од претедателот.

Тука е градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со сопругата, директорката на фестивалот Наташа Поповиќ која се одвојуваше со својата златеста креација и го запали огнот со кој означи почеток на фестивалот.

Вечерва како сите патишта да водат кон Античкиот театар во Охрид, каде се одржува традиционалниот фестивал кој ќе раскаже нова културна приказна.

Scroll to Top