Снежна бајка од Царев врв на Осоговски планини споделуваат планинари на социјалните мрежи. Снегот, студот и ветерот направиле снежни фигурни на руинираните делови од стара тврдина која се наоѓа на самиот врв.
Царев врв е висок 2.084 метри и е познат по неговиот турски анзив Султан Тепе.
Искачуавњето на врвот може да биде од две страни, од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од кочанско преку Пониква.
Викендов во ски центрите Маврово и Попова Шапка падна првиот снег, па скијачите официјално ја започнаа ски сезоната.
Фото: Фејсбук група/Патувања низ Македонија