Вчеравечер во Холивуд се одржа доделувањето на 75. Златен глобус. Овојпат доделувањето на наградите повеќе беше во знакот на борбата против сексуалното насилство во филмската индустрија, отколку за самите награди, а сите актерки на црвениот килим беа облечени во црно. Дел од жените избраа наместо во фустани, да облечат панталони. Во знак на поддршка на своите колешки и мажите на црвениот килим беа облечени во црни комбинации.
Неколку жени во Холивуд неодамна го покренаа движењето #ВреметоИстече (#TimeIsUp) за да се солидаризираат со сите жени што биле жртви на сексуално злоставување низ годините.