Дека младата шведска активистка Грета Тунберг е проект на големи моќни сили и корпорации, покажуваат снимките на кои таа неспретно одговара на прашањата на новинарите, за кои не е однапред подготвена, обвинуваат заговорниците.
Видеото од еден панел, каде Грета одговара на прес-конференција, се рашири низ социјалните мрежи. Таа одговара на прашањата на новинарите без претходни подготовки. Заговорниците тврдат дека девојчето нема капацитет да го понесе теретот на глобалната промоција на своите идеи.
„Дали можете да ни кажете која е пораката која сакате да им ја пренесете на светските лидери и дали е време претседателот Трамп да одговори на она што сте го кажале денес“, беше прашана Грета од еден од новинарите.
„Извинете што беше првото прашање?“, бил коментарот на збунетото девојче.
Кога новинарот го повторил прашањето, младата Швеѓанка дала само краток коментар.
„Пораката која ја сакаме да ја испратиме е дека ни е доста“, по што Грета побарала прашање од други новинари.
На крајот кога веќе беше забележително дека не може да се носи со прашањата на новинарите таа ги замоли своите прашања да ги постават на другите присутни на панелот.
„Мислам дека би требало да им поставите прашања и на другите“, бил коментарот на Грета по кој таа го завршила своето излагање.