Хајди Клум има 62,5 килограми, рече дека не држи диети за топ форма

Хајди Клум неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а еден од нив се интересираше колку килограми има позната манекенка.

Таа без двоумење стапна на вага и покажа дека има 62,5 килограми, а веднаш почнаа шпекулациите како ја одржува фигурата.

Во еден од медиумите се појави информација дека манекенката внесува 900 калории дневно, што таа брзо демантираше.

“Само што пристигнав дома и некои пријатели ми ги праќаат овие написи каде пишува дека внесувам само 900 калории. Најпрво сакам да кажам дека никогаш во животот не сум морала да бројам калории“, изјавила Хајди.

Scroll to Top