Хју Грант: не верувам дека постои љубов како во романтичните комедии

Британскиот актер Хју Грант, кој се прослави со улогите во романтичните комедии, изјави дека не верува во таква љубов и се запраша дали големата љубов е само добра голема лага на големото платно.

„Големото прашање е дали целата идеја дека мажот и жената се целосно неразделни, нешто што сите го бараат, е вистина или е тоа голема дебела лага“, рекол Грант во интервјуто во Париз пред премиерата на Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves.

Актерот рече дека чувствува дека таквата љубов можеби е лага, иако призна дека кариерата ја изградил глумејќи во романтични комедии.

Грант се запрашал и дали има среќни врски и додал дека би бил заинтересиран да прави продолженија на романтичните комедии во кои играл, бидејќи тие продолженија ќе бидат приказни со адвокати и за развод.

Актерот призна дека бил пононшалантен и дека требало да биде поамбициозен на почетокот на кариерата.

„Искрено, мислам дека бев премногу ноншалантен. Можев да работам понапорно бидејќи бев успешен. Можев да го снимам кој било филм што сакам, но навистина, сакав само да гледам фудбал“, рекол Грант.

Британскиот актер додадал дека во последно време повеќе сака да игра помрачни улоги, наведувајќи дека сега е престар и грд за да биде херој.

На крајот од интервјуто за францускиот печат, Грант беше замолен да даде совет.

„Обидете се да одржите малку мистерија и немајте профил на Инстаграм“, рекол актерот.

Scroll to Top