Ибрахимовиќ улови штука во Балтичкото море

Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ уловил огромна штука, тешка околу 25 килограми, во Балтичкото море. Тој се сликаше со уловот, а потоа го врати во морето, пренесуваат светските медиуми.

Фудбалот во Италија каде што игра Златан во моментов е во прекин, поради коронавирусот. Тој оваа ситуација ја искористи и се врати во родната Шведска, каде почна да се забавува со спортски риболов.

Ибрахимовиќ не се врати во Малме, од каде потекнува, туку во Стоклхлом, каде што од неодамна стана сопственик на клубот „Хамарби“. Тамошните медиуми пренесуваат дека фудбалерот ја искористил паузата во Серија А, за да тренира со фдубалерите од неговиот клуб „Хамарби“ за да се подготват за продолжението на сезоната.

 

View this post on Instagram

 

What a day! @svartzonker #mcrubber

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Scroll to Top