Илон Маск отпушти нови 200 луѓе од „Твитер“, меѓу нив и директорката што остануваше по 24 часа и спиеше на работа

Илон Маск отпушти нови 200 од своите вработени во „Твитер“. Станува збор за менаџери и инженери кои ја одржуваат технологијата за рекламирање, главната апликација на „Твитер“ и техничката инфраструктура.

Меѓу отпуштените е и лојалната дуректорка за управување со производи Естер Крафорд, како и основачите на помалите компании купени од „Твитер“ пред преземањето на Маск.

Естер се прослави со нејзината фотграфија во вреќа за спиење во нејзината канцеларија која во ноември 2022 година на големо се споделуваше. Маск уште од претходно ја најави новата рунда отпуштања, откако објави твит во кој напиша „Првиот ден од остатокот од вашите животи“.

За потсетување, компанијата во ноември отпушти околу 3.700 работници. Маск објасни дека станува збор за дел од мерки со кои се планира да се намалат трошоците. Бројот на вработени во „Твитер“ е намален за околу 75 отсто од октомври, а сега ги има околу 2.000.

 

Scroll to Top