Иванка Трамп проговори за постпородилната депресија

Првата ќерка на Америка, Иванка Трамп, во шоуто на доктор Оз проговори за постпородилната депресија. 35-годишната Иванка, која има три деца со соругот Џеред Кушнер, откри дека по секое породување имала периоди на блага депресија кои биле исклучително емоционални и тешки за неа.

„Се чувствував лошо бидејќи верував дека не сум добар родител, дека не успевам да се справам со секојдневните обврски, дека не сум доволно успешна ни како деловна жена“, изјави таа кај доктор Оз, па додаде: „Не можев да поверувам колку силно ја чувствував постпородилната депресија, особено што со трите деца имав лесна бременост.“

Запрашана зошто претходно не зборувала за проблемот, Иванка истакна дека во моментот и не била свесна дека тоа што ѝ се случува е состојба со која се соочуваат голем број жени по породувањето.

„Се надевам дека секоја жена што ќе ги препознае симптомите ќе побара помош од стручни лица“, рече Иванка.

 

Scroll to Top