Јирген Клоп сака да го донесе Елмас во Ливерпул

Јирген Клоп сака да го донесе Елиф Елмас во Ливерпул во зимскиот преоден рок, пишуваат турските медиуми. Според нив, германскиот тренер веќе разговарал со Елмас и очекува македонскиот репрезентативец веднаш по Нова година да се пресели во Англија.

Турските медиуми пишуваат дека овој трансфер би бил одличен за Елмас, но и за македонскиот фудбал.

Елиф последниве години игра за Наполи. Таму дојде во 2019 година за 19 милиони евра, откако италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Фенербахче. Во клубот ќе остане до 2025 година, а во моментов неговиот договор е проценет на 23 милиони евра. Сепак, иако сезонава најчесто е резерва и има помала минутажа од очекуваното, според турските медиуми, Де Лаурентис и Наполи ќе бараат многу повисока отштета за да го продадат на било кој клуб.

 

Scroll to Top