Во понеделникот вечерта на стадионот SoFi во Лос Анџелес, Бијонсе одржа концерт како дел од нејзината светска турнеја. Заедно со Кајли и Тимоти, во VIP-делот беа и Кендал Џенер, Лори Харви, Џастин Скај и Џастин и Хејли Бибер.

На снимката која ја снимил некој од публиката и ја испратил до медиумите, Кајли се гледа како се гушка со актерот и во еден момент се бакнуваат. Тоа е потврда на сите шпекулации за нивната врска, кои траат од почетокот на годината.

Имено, во април, страницата на Инстаграм Deux Moi, која објавува озборувања за познатите, објави дека ријалити ѕвездата и актерот се во врска од јануари. Автомобилот на Кајли наводно во неколку наврати бил снимен пред куќата на актерот.