Последното филмско оставрување на Милчо Манчевски „Кајмак“ освои Специјалната награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија. „Кајмак“ беше во селекцијата Недела на режисерите на 43. издание на фестивалот, и како еден од наградените филмови имаше специјална дополнителна проекција на затварањето на „Фантаспорто“.
Победник на фестивало е белгискиот филм „Мегаломан“ на Карим Оелхај.
Филмот „Кајмак“ осенет е со четири ѕвезди од португалскиот културен магазин и пишува: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“.