Како мал врсниците го тепале, но денеска е една од најсилните Холивудски ѕвезди!

Тој денеска има 56 години и е еден од најуспешните холивудски ѕвезди, а на неговата сила се диви целиот свет.

Актерот Жан Клод Ван Дам, денеска има 56 години и е вистинска светска сензација. Познат е по своите моќни способности, и е еден од неколкуте холивудски ѕвезди со кои ретко кој може да застане рамо до рамо.

Сепак, Жан Клод не отсекогаш бил силен и се кител со самопочит, дури, напротив. Како момче бил слаб, болесник, носел очила за вид, и врсниците не го ценеле премногу…

Foto: Instagram/jcvd

„Ова момче е родено на 18 октомври 1960 година, во Брисел. Бил болен уште од раѓање, носел очила со дебела рамка, се занимавал со класичен балет и секогаш одел во школо со модрици, затоа што неговите врсници го тепале. Кога имал 11 години, татко му го запишал на карате.

Истовремено, работил напорно на психолошка подготовка, која му помогнала да го надмине недостатокот на недоверба во своите способности. Неговиот тренер во него препозна талент и вежабл со него, три до четири пати неделно, двојно повеќе, за разлика од останатите врсници.

Во 1978 година, добил црн појас, а во 1980 година, станал европсли шампион во карате. Тогаш почнал да работи и како обезбедување, исфрлувач во ноќниот клуб „Чак Норис“.

Четири години подоцна, добива понуда да глуми во холивудските филмови и конечно во 1988 година, ја стекнал светската слава, благодарение на филмот „Bloodsport“. Ова момче е Жан Клод Ван Дам“, опишано е на една Фејсбук страна.

Printskrin: Youtube/Volvo Trucks
Scroll to Top