Каква ви е свекрвата, дознајте според хороскопот

Кој хороскопски знак е вашата свекрва? Прочитајте го овој забавен хороскоп и дознајте нешто повеќе за нејзиниот карактер.

Овен

Сака да наредува, па кога ќе се истресе на сопругот и децата, на ред сте вие. Правете се дека не ги слушате нејзините забелешки, но не свиткувајте ја опашката и гледајте ја во очи и кога е најлута. Со неа никогаш не се знае кој ќе победи.

Бик

Оваа свекрва знае како да плете невидлива мрежа од која нема лесно да излезете. Во сè го пика носот – ќе ве советува како да готвите, што да облечете, како да ги трошите парите, а ќе ви дава и секс-совети. Зад грб ќе ве озборува. Тврдоглава е и нема да ви попушти во ништо.

Близнаци

Оваа жена има долг јазик, па со муабетите лесно може да ве навреди. Внимателно набљудува околу себе и ги бара вашите слаби точки, а потоа напаѓа. Никогаш нема да ви даде совет како се чисти, пере, пегла или готви, тоа не ја интересира.

Рак

Под нежната мајчинска слика се крие една од најстрашните свекрви во хороскопот. Ако самата не заиграте според нејзините правила, таа ќе најде начин да ве натера бидејќи во прашање е нејзиниот син. Најдете начин да ѝ се вовлечете под кожата, па ќе ви јаде од рака.

Лав

Заборавете на демократија и на човековите права – оваа свекрва тера по свое, не гледа никого, а најмалку од сè се грижи за својата снаа. Тоа не го прави од злоба, туку затоа што во нејзината природа е потребата да доминира. Затоа уште на почетокот мора да ѝ покажете заби.

Девица

Оваа свекрва е педантна, опсесивна и убаво воспитана жена, ама по неколку недели живеење со неа, ќе ве заболи главата од толку добрина. За среќа, нема да го пика носот во вашата интима, ама ако смета дека треба да се вмеша во нешто, ќе ви ја цица крвта капка по капка.

Од филмот „Свекрвиште“

 

Вага

Префинета и непредвидлива свекрва во зодијакот. Секогаш е средена како за изложба. Целата пензија ја троши на козметика, па така стокмена, ќе ви забележува дека не сте средени доволно за нејзиниот син. Најдоброто оружје е да ја игнорирате. Не обрнувајте ѝ внимание, ниту на новите чевли ниту на нејзината нова фризура. Тоа ќе ја извади од такт.

Скорпија

Со неа нема лесно да се разберете. На моменти е нежна и искрена како да сака да помогне, а потоа има потреба да згази сè пред себе. Нема да го штеди ни својот син, а не, пак, снаата. Со неа може да сте пријатели или непријатели, но ве советуваме да го изберете првото за да не ги изгубите сите битки.

Стрелец

Со неа никогаш нема да ви е досадно. Сака долго да прераскажува што разговарала со сосетките, но знае точно и кога да престане со муабетот. Жената почитува слобода. Кога ќе дојде до конфликт со неа, кажете ѝ некој трач и веднаш ќе ѝ го свртите вниманието.

 

Јарец

Пред вас е тежок противник. Тешко дека ќе ѝ најдете слаба точка. Кога во животот навистина ќе ви треба помош, таа ќе биде со вас. Сепак, мудра е и знае што планирате пред да направите што било. Ако сакате да ја поразите, вознемирете ја. Кажете ѝ дека нешто лошо ви изгледа денес и доволно е за да ја растревожите.

 

Водолија

Необична весела свекрва. Повеќе ја интересираат проблемите за јужноафриканските верверици од тоа што ќе се случи утре. Не пречете ѝ и односите ќе ви бидат супер. Сепак, бидете претпазливи. Комбинацијата од хистерија и висок интелект, едноставно, ќе ве тргне од списокот со приоритети.

Риби

Ако имате свекрва риба, тешко вам. Толку го разгалила синот, па тој и на возрасни години ја следи дефиницијата „како мама ќе каже“. Значи, ако живеете со неа, мора да станете нејзина копија. Сè мора да биде убаво и складно за да може син ѝ и натаму да биде крал на престолот.

Scroll to Top