Хрватската поп-дива , Јосипа Лисац, која неодамна го промовираше новиот материјал, на албумот покрај новите теми ја ставила и познатата маедонска песна “Калино моме” која ја испеа заедно со браќата Тавитјан и нивниот татко Гаро. Песната беше и на албумот „Македонското срце чука во 7/8”.
Неодамна и Жељко Бебек на својата “Антологија” ја вметна “Јовано, Јованке” која исто така ја сними во соработка со Тавитјан.
Албумот “Македонското срце чука во 7/8” е проект кој е издаден за “Парамециум”, “Кроатиа” и “Сити Рекордс” и достигна над 100 илјади тираж, а е дистрибуиран во 20 земји. Во Хрватска беше рангиран и како трет најпродаван албум од странски изведувачи.
Темата , пак, “Ocean Drive” која Гаро ја сними со Паола Ц наскоро ќе излезе за “Watersign records” и ќе добие и две ремикс верзија од познатите диџеи Лоуие Вега и Дино МФУ, а веќе е и во функција официјалната веб страница на Тавитјан .