Калиопи: Ми се остварија соништата

Поп-дивата Калиопи Букле објави колаж селфи фотки на својот Фејсбук профил. Вели дека е среќна оти соништата почнале да ѝ се остваруваат. Во моментов таа е во Македонија, по постојаните концерти и промоцијата на песната со Жељко Самарџиќ кој ги имаше низ градовите во Србија.

„Соништата се остваруваат кога ќе престанеме да сонуваме и ќе почнеме да веруваме“ вели поп-дивата.

За потсетување, Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ во Скопје ја претставија својата дуетска песна „Знам“, во „Аудиокултура“ во Тафталиџе пред неколку месеци. И ова беше прва дружба на Калиопи после подолго време со македонските новинари.

Песната „Знам“ ја напиша бившиот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, со кој таа остана во супер односи и по разводот. Со голема љубов зборуваше за Ромео, за нивната соработка и за синот Пако.

„Јас и Ромео сме многу блиски, и тоа не е тајна. Се немавме видено три години, иако сме постојано во контакт. Ние сме цивилизирани луѓе и сме во одлични односи. Јас сум многу блиска со неговата жена, па не само што се дружиме, туку таа има клуч од мојот стан“, раскажа Калиопи за Репортер.мк

Scroll to Top