Македонскиот топ-модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска, со поддршка за новата кампања на УНИЦЕФ, која го носи слоганот „Види го детето, не попреченоста“. Во новото видео снимено за УНИЦЕФ познатата манекенка вели: „Без соодветни услови, ниту едно дете не може да расте, да учи, да игра и да сонува“, вели Катарина Ивановска. Таа и јавно ги повика сите да ѝ се придружат на кампањата „За детство без пречки“.