Кери Бредшо и Ејдан со бакнеж среде Њујорк ја најавија втората сезона од филмот „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер и Џон Корбет споделија фотографија на Инстаграм како се бакнуваат на улица во Њујорк и ја најавија втората сезона од филмот „Сексот и градот- Енд џст лајк дет“.

Официјалниот профил наменет за серијата на Инстаграм, исто така, сподели неколку фотографии од снимањето.

„И така Кери се врати на нејзините прсти“, стои под објавата.

Во септември, Паркер потврди дека Корбет ќе го репризира својот лик во 2-та сезона на „Сексот и градот“.

Фановите првпат ги видоа Паркер и Корбет на сетот „Енд џст лајк дет“ минатиот месец, кога официјалниот профил на серијата на Инстаграм и Паркер споделија неколку фотографии од двајцата актери како шетаат по улица во Њујорк додека се држат за рака.

„Не можам да кажам ништо освен, едноставно е навистина одлично да се биде повторно во негово друштво и да се има приказна која е исто така среќна, забавна и позната, но и нова затоа што поминаа 10, 15 години“, рече Паркер.

Ејдан беше еден од најзначајните љубовници на Кери Бредшо во третата и четвртата сезона на „Сексот и градот“. Тој дури се појави за да ја искушува Кери во 2010 година во второто продолжение на „Сексот и градот“.

Премиерата на втората сеозна од „Енд џст лајк дет“ треба да се случи ова лето.

Scroll to Top