Ќерката на Брус Вилис проговори за здравјето на актерот: ги игнориравме знаците на неговата болест

Актерот Брус Вилис се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, а подоцна и фронтотемпорална деменција. Неговата ќерка Талула Вилис (29) проговори за почетоците на неговата болест и за знаците кои се појавиле, а кои сите членови на семејството ги игнорирале.

„Долго време знаев дека нешто не е во ред. Започна со некаква нејасна реакција, која целото семејство ја препиша на ‘холивудскиот губиток на слухот’“, изјавила Талула за „Вог“ и додала дека често му велеле да каже нешто погласно, а за се го обвинувале филмот ‘Умри машки’.

Набрзо, Талула почнала да мисли дека неговите реакции на околината се знак дека повеќе таа не му е интересна, па сè станало, како што таа тврди, повеќе лично.

„Имаше две деца со мојата маќеа Ема Хеминг Вилис, а јас мислев дека изгуби интерес за мене. Ова беше толку далеку од вистината, мојот адолесцентски мозок се бореше со погрешна математика: „Не сум доволно убава за мајка ми, не сум доволно интересна за татко ми“, признала Талула.

Таа откри и како ги избегнувала знаците на неговата болест и дека не е горда на начинот на кој ги негирала. Таа исто така изјавила дека уште една причина зошто ја игнорирала целата ситуација е тоа што во исто време се борела и со тешки нарушувања, вклучувајќи ја и анорексијата.

„Додека јас се борев со дисморфија и зборував за тоа на Инстаграм, татко ми тивко се бореше“, додала таа. Открила и дека набрзо ја обземала помислата дека нејзиниот татко нема да може да зборува на нејзината свадба во иднина.

Сепак, Талула се опоравила и сега го поминува целото слободно време со нејзиниот татко, како и со остатокот од семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга на Брус, Деми Мур (60), сестрите Румер (34) и Скаут (31) и полусестрите. Мејбел (11) и Евелин (9).

Scroll to Top