Ќерката на Мадона, Лурдес позираше гола за време на снимањето на реклама за познат бренд.
Лурд на социјалните мрежи објави фотографија на која е врзана со синџир околу половината.
„Најубавата девојка на светот“, „Ти си совршена“, „Честитки за храброто издание“, се дел од коментарите на Инстаграм.
На друга фотографија таа позира облечена во кожен градник и високи чизми, додека е застаната зад црната кожна чанта Дион Ли која ги покрива нејзините облини. Чантата чини 990 долари.
Во февруари, Лурд беше носител на шоуто на Луис Де Хавиер на модната недела во Њујорк. Таа прошета по пистата во тесен мини фустан со ѓаволски рогови на него.
View this post on Instagram
Многумина сметаат дека таа не требало да учествува на овој моден настан кој, како што тврдат, е промоција на сатанизмот.
Таа, исто така, неодамна ја сними својата прва кампања за Фондацијата HD Skin Powder. Мадона ја доби Лурд во 1996 година со актерот Карлос Леон. Кралицата на попот беше во врска со него од 1994 до 1997 година.