Ќерката на манекените Црнокрак првпат ја претставува Македонија за избор за убавина

By

Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак, Моника тргна по стапките на своите родители и за прв пат ќе се натпреварува на Интернационален избор за убавина. Таа е во Кипар каде ќе ја претставува Македонија на изборот за убавина Miss Summer International 2018.

„Моника тргна по стапките на нејзината мајка. Ова е прво претставување на нашата ќерка на некој избор за убавина. Вечерва е финалето и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мики Црнокрак за Репортер.мк.

Натпреваруавњето се одржува во градот Киренија на Кипар во хотелот „Мерит Ројал“ каде семејството Црнокрак се наоѓаат веќе 7 дена.

Мики и Светлана велат дека и даваат целосна поддршка на нивната ќерка Моника.

Љ.В.

 

 

Ќе ви се допадне