Ким Кардашјан и семејството итно евакуирани

Ким Кардашјан и Канје Вест морале да го напуштат својот дом во Калабасас, Калифорнија поради пожарот што ја зафати областа. Освен нив, евакуирани се и голем број други жители, а многу имоти, куќи и автомобили се уништени. Ким преку социјалните мрежи откри дека ја напуштила куќата во брзање, а дека пожарникарите ѝ дозволиле да земе само неколку работи.

„Пристигнуваат пожарникарите. Ви благодарам за сè што правите за нас. Молете се за Калабасас“, напиша Ким на Инстаграм.

Меѓу евакуираните е и глумицата Алиша Милано.

 

Scroll to Top